(ВИДЕО) Амбасадорите бараат од ДУИ да заземе став за прислушуваните разговори

Од:

По состанокот на дипломатите во земјава со претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјавија дека како партија делат одговорност за актуелната безбедносна и политичка ситуација.

Италијанскиот амбасадор во име на останатите дипломати порача дека ДУИ мора да заземе став по прашањето на аферата со прислушувани разговори кои ја отвори СДСМ но и да придонесе да се истражи нивната содржина и сериозните обвинувања од опозицијата за низа прекршувања на законските прописи од страна на владини функционери.

„Ја поздравуваме конструктивната улога на ДУИ за време на викендот,вклучувајќи го и учеството во советот за безбедност.

Се надеваме дека ДУИ ќе продолжи на истиот конструктивен начин да соработува со сите страни и институции.

Како членови на коалиционата влада, ДУИ ја дели одговорноста за напредокот на демократските вредности и принципи.

Оттука партијата има обврска да помогне во јакнењето на институциите во земјата и да обезбеди неправилностите кои што се откриени од аферата целосно да се истражат на транспарентен и веродостоен начин.

Сега повеќе откога и да е се надеваме дека ДУИ ќе заземе став и ќе го искористи своето влијание за доброто и иднината на сите жители на Република Македонија“, изјави италијанскиот амбасадор Масимо Белели.

Б.С.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански