ВИДЕО: Амбасадата на САД го одбележува Денот на планетата Земја

Од:

Амбасадата на САД ќе го одбележи Денот на планетата Земја со две активности во поддршка на глобалните и локалните напори за заштита на животната средина.

На 20-ти април, недела, амбасадорот Пол Д. Волерс, заедно со членовите на Младинскиот совет на Амбасадата и со учениците од основните училишта во Општина Чаир, ќе се вклучи во активности за чистење и раззеленување на Општината.

Претходно, Младинскиот совет на Амбасадата на САД и 12 ученици од основното училиште “Исмаиљ Ќемаљи” објавија видео на Јутјуб и ги повикаа младите од Македонија и од регионот да го одбележат Денот на планетата Земја 2013, така што ќе го “најдат зеленото” во своите заедници и ќе ги споделат тие активности на Фејсбук профилот на Младинскиот совет.

Би можело да ве интересира

САД планираат најризична операција во Иран: Упад на специјалните сили и екстракција на ураниум

Манер: Копнената операција во Иран е осудена на неуспех

Горан Наумовски

САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак

Горан Наумовски

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен