ВИДЕО: „Ало началниче“ ечеше пред Собрание

Од:

Разговорите од „бомбите“ на опозицијата, вечерва ечеа пред Собрание каде се протестираше против предлог законот за нивна забрана. „Стоп за цензурата“, „Не ги даваме „бомбите“ и „Не ја даваме вистината“, пишуваше на транспарентите со кои граѓани, активисти од Ајде – Платформа за граѓанска политика, излегоа на протест, револтирани, од како што велат, цензурата што ја планира власта за да ги заташка криминалите што можеа да се слушнат на прислушуваните материјали.

– Имаме право на слободно информирање и изразување, а тоа право е повредно и повисоко од која било политичко-фашистичка сила претставена преку бројка на пратеници, велат од „Ајде“.

Доколку се донесе овој закон за мораториум на „бомбите“ на опозицијата, се озаконува цензурата се крши членот 16 од Уставот, според кој цензурата во Република Македонија е забранета. Слободата на изразување и правото на информирање на народот не можат да бидат заложници на нечии дрски ценкачки политики, беше кажано на протестот, вечерва пред Собрание. Грашаните и активистите од Ајде – платформа за грашанска политика најавуваат нови протести бидејќи сметаат дека предлог законот за забрана на „бомбите“ на опозицијата мора сосема да се повлече, а не да доработува или видоизменува.

– Сакам да пренесам пораки до три место. Првото место е Европската комисија која би требало будно да го следи овој процес, судбината на народот во Македонија не е „чек листа“ на која само ќе се штиклира за да се прогласи процес на успешни преговори. До опозицијата, сите ние, кои изминатава година ја поминавме по улиците барајќи промени – нема откажување, нема подлегнување на евтини ценкачки и преговарачки тактики со цел да се минираат процесите. Нашите барања се јасни – оставка, одговорност, демократизација! И третата порака е до Груевски и до Ахмети: нема да ви помине, не можете со еден потпис или со неколку гласа во Собрание, да ни ги затворите очите и ушите, да ни ги затнете устите, да ни ја земете душата. Апси ме Никола, апси ме!, рече Павле Богоевски активист од Ајде.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски