ВИДЕО: Алијанса за Албанците и Алтернатива маршираат за демократија

Од:

Во тек е маршот на Алијанса за Албанците и на Алтернатива по скопските улици, кои сметаат дека на последните парламентарни избори „сериозно се оштетени демократијата и начинот на изразување на слободната волја на албанскиот граѓанин“.

Маршот започна во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, а насобраните симпатизери и членови на двете партии ќе поминат пред Владата и маршот ќе го завршат пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија.

Забележливо е дека на маршот не се држи потребната дистанца, а маски за заштита од коронавирусот носат водачите и организаторите, но не и сите присутни.

Присутните на протестот веат албански, американски знамиња и знамето на Европската унија.

– Како знак на револт за потиснување на највозвишеното право на слободното гласање, овој марш – токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе испрати јасна порака дека една држава којашто ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ, изјави вчера на прес-конференција портпаролката на Централниот штаб на коалицијата, Нурџан Асановска.

Симболи на маршот, посочи таа, ќе бидат националните симболи и симболите на нашите западни сојузници, а слоганите ќе се однесуваат на заштита на демократијата, укажувајќи дека секој друг симбол и кој било друг повик што искажува фобија, омраза или навреда за било кого, е против целта на овој марш.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?