(ВИДЕО) Алексов: Одговорноста за изборите е кај сите

Од:

Граѓанската асоцијација „МОСТ“ ги започна активностите за набљудување на изборниот процес. За набљудување на локалните избори 2013 и денот на гласањето ќе бидат ангажирани повеќе од 3500 набљудувачи, на целата територија на Република Македонија.

МОСТ ги повикува граѓаните, лично, најдоцна до 2 март, да се пријават во 18-те регионални канцеларии, низ целата држава.

„Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација „МОСТ“ може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во рамките на „МОСТ“ веќе имаат набљудувано избори“, рече Дарко Алексов, извршен директор на „МОСТ“.most

Во насока на подигнување на свеста на граѓаните за нивните права и граѓански должности за проверка на своите податоци во Избирачкиот список, Граѓанската асоцијација МОСТ упатува јавен повик до сите граѓани да ги проверат своите податоци на интернет страната на http://izbirackispisok.gov.mk.

За промоциите, ветувањата и проектите, нема прецизна регулатива, а и кандидатите се уште немаат добиено верификација од ДИК.

Алексов вели дека и најдобриот Законик ако не се спроведува, е најлош. Препораките на ОБСЕ, особено најважните, не се имплементирани во изборната регулатива, но, правилата мора да се почитуваат од сите.

„МОСТ“ ќе ги провери написите околу финансирањето на ДУИ од Државни институции, па ќе излезе со став.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ