Ако се казнува за погрешно паркирање, нека се казнува и за изборни манипулации
Институциите во Македонија мора да функционираат независно, да ги откријат изборните манипулации и да ги казнат оние кои го прикривале финансирањето на политичките партии.
Хрватска и Македонија имаат слично законодавство во делот на изборите, но разликата помеѓу двете земји е во тоа што институциите на системот во Хрватска работат поефикасно и понезависно од политички влијанија, заклучија експертите од таму кои денеска ги споделија своите искуство на работната средба организирана од невладината „Цивил“.
-Можеме да имаме супер закон, но ако немаме орган кој ќе го применува тогаш бадијала ни е законот. Како земја, законодавно и институционално сте покриени, останува уште да се створат услови за институциите да бидат спремни да ги применат законите – вели Александра Јозиќ-Илековиќ, поранешен заменик претседател на хрватскката Државна изборна комисија, а сега висок советник во хрватската Влада.
-Ако институциите може да казнуваат за погрешно паркирање, тогаш треба да казнуваат и за прикривање на пари – посочува Драган Зелиќ, член на граѓанската органзација „Гонг“ која има светско реноме во набљудувањето на изборните процеси.
Тие се согласни дека за фер и демократски избори во државата мора да функционира институционалниот надзор кој треба да го мониторира финансирањето на политичките партии. Подеднакво е важно да се гарантира независност на јавното обвинителство.
-Хрватска имаше трауматучно искуство кое и понатаму трае со нетранспарентноста на финансирање на камапањата на ХДЗ. Бивш премиер и понатаму е во притвор, а имаме процес против политичката партија. Ние на тоа предупредувавме, но никој не реагираша кога требаше. Инситуциите, политичките партии и медиумите треба да извлечат лекции од ова за никогаш да не се повтори – објаснува Зелиќ.
Државата, вели тој, мора да има институционален надзор кој мора да биде независен.
-Во Хрватска не функционираше институционалниот надзор и јавното обвинителство, а тоа е клучно. Медиумите ја препознаа важноста на тие теми и имаа голема заслуга во тоа институциите да се доведат во ред. Прашуваа за се уште прашуваат за финансирањето на кампањите. Се надевам и во Македонија медиумите ќе препознаат колку е важна оваа тема и ќе ја прифатат улогата на надзорници – порачува Зелиќ.
Маја Васева