(ВИДЕО) Аиво Орав: Препораката годинава е дадена, но Владата сериозно да ги сфати критиките

Од:

Овој извештај има искрени и јасни пораки од сите нас до владата, од опозицијата, од граѓаните на земјата, како и од земјите членки од ЕУ – вака евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, ја почна својата изјава на денешната презентацијата на најновиот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ.

-Овој извештај не е само критика, пред се’ овој извештај треба да се гледа како многу јасен текст за спроведување на реформите. Главни проблеми се зголемената политизација на државните институции, владината контрола врз медиумите, особено за време на избори, слободата на изразување, интересите на партиите се’ повеќе ги надминуваат интересите на нацијата, влошувањето на политичката криза, независноста на судството и борбата против корупцијата, рече Орав.


Тој изрази жалење заради назадувањето на Македонија што се случило изминатата година.

– Ве молам помогнете ни, за да ви помогнеме. Не сум песимист, ниту оптимист, туку сум реалистичен, се надевм дека овие јасни критички пораки ќе бидат сериозно сфатени од Владата одговори Орав на новинарско прашање како и покрај критиките на Македонија и е дадена нова шеста по ред препорака за почеток на преговори за влез во ЕУ.

Евроамбасадорот посочи дека за Македонија има разлика помеѓу минатогодишниот и новиот извештај, така што би било тешко да се очекува нова препорака во ситуација на влошување на состојбите од година во година.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Медведев: Русија ќе ги гони европските дегенерици кои се обидуваат да ги запленат нашите средства

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка