(ВИДЕО) Ахмети пее на цел глас: Прослава во кабинетот на Груби за роденденот на лидерот на ДУИ

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прослави 65 – ти роденден.

Вицепремиерот Груби роденденот му го честита на Фејсбук, објавувајќи видео на кое се гледа Ахмети во канцеларијата на првиот вицепремиер Артан Груби и тоа распеан со жива музика.

До него стојат тројца музичари на тамбурчиња, еден гостин кој пее заедно со Ахмети и секако Груби во улогата на фотограф.

„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството на неговите плеќи, денеска полни 65 години“, напиша Груби на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Трамп наполни 80 години, се слави во Белата куќа

A1on

5 идеи за најубавите роденденски подароци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинаа, а 14 се ранети на роденденска забава во Стоктон

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија