Трамп наполни 80 години, се слави во Белата куќа

Од:

Американскиот претседател денеска го прославува својот 80-ти роденден, со што стана еден од највозрасните лидери во историјата на САД што ја извршувале претседателската функција.

Роденденот доаѓа во период кога Трамп е во центарот на американската и светската политика, а голем дел од американските медиуми вниманието го насочија кон прашањето дали возраста може да влијае врз неговото претседателствување.

За разлика од традиционалните прослави, Трамп роденденот го одбележува со организирање на голем спектакл на јужниот тревник на Белата куќа, настан што привлече илјадници посетители и предизвика поделени реакции во американската јавност.

Поддржувачите го претставуваат како доказ за неговата енергија и неконвенционален стил на лидерство, додека критичарите оценуваат дека станува збор за политички спектакл во време на сериозни домашни и меѓународни предизвици.

Американските медиуми забележуваат дека Трамп и понатаму одржува интензивно јавно темпо, со чести настапи, средби и комуникација со медиумите, што неговите соработници го наведуваат како доказ дека не покажува намера да забави и покрај возраста. Неговиот личен лекар неодамна соопшти дека претседателот е во „одлична здравствена состојба“.

Истовремено, дел од аналитичарите и коментаторите предупредуваат дека стареењето е неизбежен фактор за секој политичар и посочуваат на прашања поврзани со физичката издржливост и когнитивните способности на претседателите во поодминати години.

Трамп е роден на 14 јуни 1946 година во Њујорк. Во текот на својата кариера беше бизнисмен, телевизиска ѕвезда и двапати претседател на САД, како 45-ти и 47-ми американски претседател.

Според американските медиуми, самиот Трамп неодамна признал дека бројката 80 „не му се допаѓа“, но истакнал дека продолжува со истото темпо и дека останува целосно посветен на својата политичка агенда.

Би можело да ве интересира

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп

А1он

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ