(ВИДЕО) Ахмети: Четврт векот од Охридскиот договор да не најде горди како вчера, а не омаловажени и потценети, како денес

Од:

Пред 24 години, Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна и интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, преку Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Заедно го изменивме уставот и го усвоивме нормативниот дел од Охридскиот договор, вклучително и службената употреба на албанскиот јазик, националното знаме, високото образование, правичната застапеност и многу други закони“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети во обраќање по повод 24 годишнината од Охридскиот договор.

– Изградивме универзитети, училишта, градинки, болници, Коридор 8, патна и подземна инфраструктура, воспоставивме нови образовни, културни и идентитетски институции, ги урнавме границите меѓу нас. Низ годините, Албанците го водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер. Нашиот придонес за државата резултираше со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија“, рече Ахмети.

Според Ахмети, од сите овие и многу други достигнувања победила заедничката држава, а никој не загубил.

– Сите достигнувања во изминатите 24 години ги направивме заедно, како со ВМРО и со СДСМ, така и со нашите меѓународни пријатели. Овие достигнувања се самата држава, тие се темелот на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата земја. Затоа, ревизија на заедничките достигнувања не ни е дозволена нам кои сме автори, потписници и спроведувачи на Охридскиот договор. Мора да предводиме со државничка одговорност, како државотворни партии, без краткорочни и опасни популистички и изборни калкулации.

Во меѓувреме, на оние кои ја учеа историјата од телевизиските екрани, кои немаат никаков придонес за националните достигнувања и процеси и кои никогаш не ја добија довербата на народот, туку беа избрани од други да им служат, им велам: Храброста после војна и мудроста по говорот НЕ ВРЕДАТ“, рече тој.

– Ние се обединуваме, како никогаш порано, фаќајќи се за корените, а не за гранките, не како слуги и ќираџии, туку горди и посветени да одговориме на гласното народно барање за национално достоинство, денес или никогаш! Да се собереме сите, млади и возрасни, мажи и жени, четврт векот од Охридскиот договор да не најде исправени и горди како вчера, а не наведнати, омаловажени и потценети, како денес“, додаде Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Катерина Ѓуровски

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата

Меџити: Ахмети не зборува ништо за „српскиот свет“, бидејќи лобисти се неговиот син и неговото семејство

Изјавите на Ахмети не заслужуваат да се коментираат, вели Мицкоски

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

ВИДЕО: Дел од граѓаните ќе одат со Албанија, дел со Бугарија, ако не продолжи патот кон ЕУ, порача Ахмети од Тетово