(ВИДЕО) Африм Муча: Директорот на ЈСП ми се закани и ме обвини дека јас сум бомбаш, ќе добие тужба за клевета

Од:

Претседателот на Независниот возачки синдикат при ЈСП, Африм Муча добил вербални закани од в.д. директорот на ЈСП, Александар Стојковски обвинувајќи го дека тој го предизвикал инцидентот со дојавата за бомба во некој од градските автобуси.

– Дојдовме во 7.30 заедно со колегите по дојавата за бомба. Само што стигнав, имав еден мал инцидент со директорот Александар Стојковски кој јавно пред службените лица тука ме обвини дека јас сум тој за целосната ситуација што денеска се случи, дека сум бомбаш. Голем срам еден директор да го изговори тоа. Утре ќе го му поднесам пријава за клевета затоа што јас немам ништо со тоа.

„Африм ќе видиш ти што ќе ти се случи за ова што го направи денеска“, ми рече директорот кој место да ме повика да седнеме да разговараме, мудро си молчи. Не даде објаснување од каде му е информацијата, јас се упатив кон него, но полицијата не ми дозволи да му се доближам и тој си замина во канцеларија – рече Муча пред новинарите на штрајкот на возачите пред базата во Автокоманда.

Тој рече дека денеска автобусите ќе возат откако ќе им се извршат проверки од службениците на МВР, но утре сигурно не, ако до попладне не добијат плата.

– Градот Скопје и Данела добија плата, а ние немаме плата. Како што таа има деца и ние имаме деца. Се доцни со една плата, но не е првпат. Во јули чекавме ребаланс на буџетот и некако издржавме по разговорите со менаџментот. Тогаш се согласивме со ветување да не се случи пак. Градот зема плати, а ние не можеме. Треба да се исплатат луѓето, си ја одработија платата – додаде Муча.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично

Брнабиќ за штрајкот на N1: „Богови на манипулацијата“

А1он

Вучиќ за генералниот штрајк: Има многу лудаци во Србија

А1он

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Кривична за директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, склучил седум незаконски договори