Некои од оштетените во аферата „Банки“ за кои обвинителствата и финансиската полиција водат активни истраги, велат дека лично се запознале дури откако сфатиле дека се измамени. „Макфакс“ дојде до документи кои полицијата пред неколку години ги добила од Управата за спречување перење пари. Во извештајот има анализа на сите спорни трансакции. Парите од заемите и кредитите кои се вртеле по сметките на познати македонски фирми.
Полицијата изготвила и мапа која покажува на кој начин роднински, капитално и управувачки се поврзани осомничените лица и банките. Осомничените не сакаа да коментираат јавно за случајот.
Извор: Макфакс