Во четвртата епизода од серијалот „Банки“ на „Макфакс“ ја објавуваме приказната на Мито Митановски од Кичево. Тој ја купил фирмата „Тане Целевски“, која била во стечај. Тоа се покажало како добра шанса за локални моќници да го изиграат Митановски.
Тој под хипотека ги ставил сите погони и недвижности, но наместо да управува со парите од кредитот доделен од Комерцијална банка, парите завршиле на сметка на новоотворената фирма „Металика“.
Извор: Макфакс