ВИДЕО: Афера „Банки“ – Како изгледала шемата за прикриено кредитирање?

Од:

Златко Тодоров, сопственикот на една од фирмите која пријавила дека е измамена, во третиот дел од серијалот „Банки“ на „Макфакс“ ја објасни шемата за прикриеното кредитирање фирми и лица поврзани со Комерцијална банка.

Нашето истражување покажа дека во годишните извештаи за работа, Комерцијална банка не констатирала надминување на тој законски лимит, освен во 2014 година кога ја надминала границата на кредитирање за фирмата „Нова Рефрактори“ од Пехчево која пак е поврзана со „ФЕНИ Индустри“ од Кавадарци, па си задала рок до следната година да ја исполни обврската.

Ова е констатирано и во извештаите за 2015 и 2016 година, каде пишува дека банката ја усогласила регулативата и ја свела изложеноста на законски поставениот лимит. Тодоров тврди дека Народната банка затаила во супервизијата не го увидела затскриеното кредитирање меѓу поврзаните лица.

Извор: Макфакс

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ