Сопственици на неколку македонски компании обвинуваат дека се оштетени од Комерцијална банка и други банки за милионски износи преку измама и злоупотреба. Полицијата поднесе две кривични пријави до Обвинителството за случајот „Банки“. Едната во 2012 година, другата во 2017. Бирото за јавна безбедност детаљно опишало на десетици страници како била правена шемата со банкарските заеми и како меѓу себе се поврзани лицата осомничени во аферата, објави „Макфакс“.
Повеќе од 5 години истрагата е отворена. За првата истрага сè уште се чека вештачење. За истиот предмет постапува и Финансиската полиција. Прва епизода од серијалот „Банки“, кој ќе се емитува во неколку продолженија. Во следните епизоди ќе бидат презентирана шемата што ја изготви МВР, ставот на банките, Обвинителството и Финансиската полиција.
Извор: Макфакс