(ВИДЕО) Адвокатот на Груевски за уривањето на „Космос“: Треба да биде ослободен, не сторил ништо

Од:

Адвокатот Мехмет Сефери кој е бранител на експремиерот и бегалец Никола Груевски во случајот „ТНТ“, и натаму ги спори аудио разговорите, за кои посочи дека е можно тие да се сечени и монтирани. Сефери бара да не бидат прифатени како докази. Според него, Груевски не сторил никакво кривично дело, „Космос“ се уривал поради тоа што не бил граден според дадената дозвола. Адвокатот вели дека одлуките на судовите ја потврдиле одлуката на администрацијата, па нема ниту фактичка, ниту материјална причина за да Груевски биде осуден: „Лицето треба да биде ослободено. Ние не ги прифаќаме аудио материјалите како докази. Дури и да бидат прифатени, може да се увиди дека Груевски не сторил ништо незаконски. Нерелевантно е тоа што Цановски го зборува, ако неговата фирма постапила спротивно на закон“.

„Од сите изведени докази во постапката, се виде дека службениците во Гази Баба постапиле законски. Тоа е јасно од сите судски одлуки, а тоа се 36 судски одлуки, а донесени од судовите за објектот ‘Космос’. Судот веќе утврдил дека одлуката за рушење на тогаш започнатиот со градба објект е законско исправна. Пресудено е дека Гази Баба не е виновна за било каква штета. Според правилата на Европскиот суд за човекови права, еднаш пресудена работа не може одново да се суди. Фијат Цановски и во Уставниот суд барал заштита на слободите и правата, а одлуката била дека Цановски не дал ниту еден доказ дека е дискриминиран. Со оваа одлука е констатирано дека тој во однос на другите граѓани е еднаков како и другите граѓани. Самиот Фијат Цановски барал политичко, а не правно решавање на неговиот проблем. Ако градел според дозволата, немало да се урива. На штета на Груевски е што судот не прифати ниту еден нов доказ, како што е договорот за праќање комуналии за кои вели дека ќе ги плати откако ќе земе оштета од овој судски предмет“, посочи Сефери.

Адвокатот на Груевски вели дека експремиерот можел да мисли што сака, ама судот треба да утврди како постапила администрацијата која издала решение за уривање. Според него, општината не можела да одлучи поинаку освен да го урива „Космос“.

„Инвеститорот градел спротивно на градежната дозвола. Груевски не можел да ја злоупотреби должноста. Администрацијата постапила законски, не може да се утврдува вина кај премиер, министер, градоначалник. Груевски е претседател на Влада, а целосна надлежност за уривање е кај општината. Груевски не поставил некакво политичко барање, услов, заради чие неприфаќање сакал да направи штета. Материјалите кои Обвинителството ги достави како доказ, тие не можат да бидат доказ. Тие се прибавени спротивно на закон, со кршење на човековите права, не можат да бидат докази. Доказите не и се дадоа на одбраната за да ги вештачи“, додаде адвокатот Сефери.

Би можело да ве интересира

Европски Сојуз за Промена го прашува Ахмети: Колку години затвор му простувате на Груевски со измените на Кривичниот законик

Ковачевски го повика Груевски да се врати за да се соочи со првадата

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Имот на Груевски одземен со правосилни судски одлуки оди на продажба