(ВИДЕО) Аџиев: Против лустрацијата се само засегнатите

Од:

Против лустрацијата се групираат одредени луѓе луѓе кои знаат дека со отворањето на процесот на лустрација ќе се чепне во нивните интереси, вели првиот лустратор Томе Аџиев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Аџиев смета дека и покрај тоа што се повлекле двајца членови на Комисијата, таа сѐ уште може да работи, и дека главниот сигнал тие да заминат дошол од Бранко Црвенковски.

Претседателот на Комисијата открива дека се завршени околу 40 предмети на лица кои се блиски до опозицијата и таа бројка била мала во споредба со лицата кои се блиски до сегашната власт од каде биле 90 отсто од предметите.

На прашањето дали е политички човек, Аџиев одговара дека не е, меѓутоа вели и дека тоа и не било важно.

„Нема врска дали сум јас партиски или непартиски. Сам не можам ништо да направам“, вели Аџиев.

Претседателот на Комисијата смета дека само медиумите кои се „финансирани од Сорос“ критички го следат процесот на лустрација.

Не гледаат сите медиуми, да не се разбереме погрешно. Гледаат одредени медиуми кои се блиски до овие структури. Ние го лустриравме претседателот на групацијата Сорос. Знаете ли колку медиуми се финансирани од Сорос, колку се корумпирани од таа групација. Еве сега во моментот ми дојде книга од Сорос, мене ме дават, ме провоцираат цело време, ме канат на нивните средби за да ме пердашат, тоа сакаат. До тој степен е безобразлукот – вели Аџиев во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Во врска со кривичната пријава што СДСМ ја поднесе против него, Аџиев вели дека претседателот не одлучува сам, туку сè што се носи во Комисијата го носи комисијата.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска