Знаевме дека ова е болен процес, дека штом почне да се отвора процесот ќе се јават реакции.
Ќе се искористи секоја можност да се нападне Комисијата за да се деградира овој процес за да може евентуално да се спасат од лустрација, вели Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
За лустрацијата на академиците тој вели:
Не е точно дека заврши процесот на проверка. Сите предмети кои се на обработка во Комисијата не се завршени, освен оние каде што се прогласени соработници или наредбодавци, инаку сите предмети се проверуваат перманентно.
За лустрацијата на починатиот академик Славко Јанeвски, што предизвика големи реакции, Аџиев вели дека, законот ги опфаќа и тие личности и затоа ги лустрирале „Не е нешто посебно, имаме и други такви починати личности и не се крена толку прашина“.
Повеќе од видеото: