(ВИДЕО) Ацевски: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го блокираат решавањето на проблемот на граѓаните со долговите и каматите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со своите штетни политики нанесува директна штета на граѓаните и на нивната благосостојба.

Веќе една недела ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови на физички лица.

Пратениците од оваа партија очигледно се против отписот на каматите и долговите што граѓаните ги имаат“, рече Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ.

„Христијан Мицкоски и неговите пратеници блокираат Закон кој ќе значи конечно решавање на проблемот со старите судски и извршни предмети, трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година.

Ете толку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се грижат за граѓаните и нивните проблеми.

Наместо граѓаните да се одлободат од нивните долгови, поради штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ тие и понатаму ќе стравуваат како да се справат со каматите и долговите.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со политиката на блокада и кочење на се што е добро за граѓаните, постои опасност ова законско решение да не биде усвоено, бидејќи има уште десетина дена до распуштањето на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни политики прави се за да ги блокира и законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови за јавни претпријатија, законот за легализација на бесправно изградени објекти, законот за Академија за судии и јавни обвинители, законот за поништување на лустрацијата…

Сите овие законски решенија се во интерес на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ работи против нив.

Граѓаните точно знаат кој работи во нивни и во интерес на државата, а кој го штити криминалот и кој се грижи за личните и теснопартиските интереси.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и креаторот на нивните политики од Будимпешта на 12 април ќе доживеат уште еден пораз“, изјави Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он