ВИДЕО: „А1он“ вечерва во проверка колку снег исчисти Мицкоски

Од:

„Случајно“ беше фотографиран со лопатата во раце, а потоа и пофален во неколку медиуми. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше фотографиран како го чисти снегот пред неговата куќа. „А1он“ вечерва направи обиколка за да провери колку снег исчистил Мицкоски по фотографирањето. Останало истото парче, пред влезната порта, кога беше и фотографиран попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Останатиот простор пред домот на Мицкоски е под снег и мраз. Улицата е заледена и лизгава од ниските температури.

Мицкоски во текстот објавен на неколку портали беше претставен како домаќин кој не се срами да фати лопата и го расчистува снегот, но речиси целиот двор му е под снег.

И социјалните мрежи вријат од коментари по објавата со наслов: „Професор, политичар и лидер, ама и граѓанин за пример: Мицкоски ги засука ракавите и се фати за лопатата“. Твитерџиите меѓу првите се јавија со коментари како: „По фатов на лопатата ова му е вторпат во живот“, „Не му се засукани ракавите“, „Професор, политичар, лидер, лопатар“, „Од лопата се почнува, прашај Грујо“.

Инаку, делот од улицата пред куќата на Мицкоски не е единствениот кој е неисчитен. Речиси и целото негово соседство денеска не се занимавало со расчистување на снегот. Улицата е претворена во лизгалница, бидејќи е замрзната од ниските температури.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации