ВИДЕО: 21 година од бруталното убиство на Сашко Гешовски

Од:

Пред 21 година, младиот кавадарчанец Сашко Гешовски загина и беше првата македонска жртва во војната во поранешна Југославија.

Тој на 6 мај 1991 година бил назначен за стражар во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што се собраа над 30.000 демонстранти против тогашната ЈНА, и кои почнаа безредија и престрелки.

Еден од куршумите смртно го погодил Гешовски. Од чие оружје е испукан куршумот сè уште не се знае. Поранешна ЈНА тврдеше дека пукале демонстрантите, додека хрватски претставници до денес тврдат дека куршумот е испукан од припадник на ЈНА.

„Имав среќа што сум преживеал. Тоа е голема трагедија која го зеде животот на мојот пријател Сашко Гешовски. Брутално беше убиен.

– Утрото се собра голема група на граѓани кои протестираа против нас, тогаш војници на ЈНА. Повеќето од демонстрантите беа вооружени. Прво тие не нападнаа. Јас бев во превозникот. Во еден момент почувствував дека некој ме грабна од позади на вратоти почна да ме дави. Ме спаси возачот Славе Јованов од струмичкото село Василево“, се сеќава на тој кобен ден, Светланчо Наков.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски