ВИДЕО: 15 возила за јавен превоз исклучени од сообраќај во Скопје, неисправни уреди за сопирање и управување

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје санкционирало прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

– Санкционирани се 15 возила, од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци, известува МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ