ВИДЕО: 149 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење, седум под дејство на алкохол

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 47, 18 санкции за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, седум за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас и 23 мерки за непрописно паркирани возила, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат со засилените сообраќајни контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ