Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе го посети мигрантскиот камп „Винојуг“ во Гевгелија.
Посетата на Бесими, кој има улога на координатор за странска помош, е за донаторската координација за мигрантите/бегалците на кампот „Винојуг“.
Предвиден е состанок со претставници на меѓународните организации кои дејствуваат во оваа област.