Вицепремиерот Анѓушев на комеморацијата за Кол во Стразбур

Од:

Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економски ресори Кочо Анѓушев, заедно со делегација на Владата на Република Македонија, денеска присуствува на комеморацијата за поранешниот германски канцелар Хелмут Кол којашто се одржува во Стразбур.

На комеморацијата присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

– Европа загуби еден голем човек, визионер кој ги задолжи идните генерации да продолжат да ја следат идејата за обединета Европа, изјави вицепремиерот Анѓушев искажувајќи сочувство на германската канцеларка Меркел.

Би можело да ве интересира

Влада: Нема правен основ за одговорност на Анѓушев

Ѓорѓиевски: Јавноста има право да знае колку пари имаат заработено фирмите блиски на Заев и на Анѓушев откако тие се на власт

Ана Ололовска

Средба на Анѓушев со Манжан и Тимоние

Наум Локоски