Вицепремиерот Адеми на работна средба со амбасадорот Бејли

Од:

Актуелната политичка состојба во земјава и интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури биле теми на разговор на денешната работна средба во Скопје меѓу вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли.

Адеми, информираат од СЕП, ја истакна важноста на САД како стратешки партнер на Република Македонија, потенцирајќи ја нивната поддршка од осамостојувањето до денеска, како еден од главните промотори за членството на земјава во евро-атлантските структури.

– Осврнувајќи се на актуелната политичка состојба во земјата Адеми нагласи дека Република Македонија останува на стратешката определба за членство во НАТО и ЕУ, бидејќи нема и не размислуваме за друга алтернатива, додавајќи дека улогата на актуелното и секое идно политичко лидерство е да работи на остварување на тие стратешки приоритети и да ја следи волјата на мнозинството граѓани, соопшти СЕП.

Вицепремиерот Адеми истакнал дека треба што побрзо да најде излез од политичката криза, користејќи ги расположливите политички и институционални капацитети, со цел враќање кон реформскиот курс и интензивно спроведување на потребните усогласувања, во сите области кои се важни за процесот на европска интеграција.

Тој се заблагодарил за помошта која континуирано над 25 години ја добиваме преку УСАИД, за спроведување на клучните реформи во однос на демократизацијата на општеството, економскиот раст и подобрување на квалитетот на образованието.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски