Вице Заев: ВМРО-ДПМНЕ ако има докази нека ги даде на институциите, а јас ќе барам да докажат пред суд

Од:

Братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев, преку писмена реакција до јавноста, ги демантира денешните обвинувања од ВМРО ДПМНЕ.

„По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува колку се далеку од етиката, професионалноста и моралот и како со невиден аматеризам го доуништиваат она што останало во нивните редови.

ВМРО-ДПМНЕ, ги повикувам, ако не е лага тоа што го тврдат, тогаш веднаш, се што имат како доказ или сомнеж да го однесат и пријават во обвинителството и во сите надлежни институции и слободно да го објават јавно. И јас сум подготвен да одговарам.

Но ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад. Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд.

Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата.

Јас Вице Заев не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат. Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора се секој да се појави пред суд, да го докаже тоа што го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува“, се наведува во неговата писмена реакција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Лефков: Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана