Вице Заев: Ставање во одбрана на пратеникот Гошев е за срам

Од:

Како засегната страна од изјавата на мојот сограѓанин и пријател Горан Поцков за кој сметам дека конечо му дојде редот да одработи нешто за владеачката партија која пак во иднина за возврат за тоа и за сета негова долгогодишна лојалност треба да биде награден, но со што останува да видиме, вели во реакцијата Вице Заев.

Во продолжение го вели следното:

Ставање во одбрана на пратеникот Славе Гошев и притоа изнесувајќи невистини спрема еден стар пријател е за срам, пријателу мој.

И јас и ти, а и нашите заеднички пријатели знаат кога, како и што, а и под кои услови ја спроведовме споменатата купопродажба.

110713

Да не ја оптеретуваме јавноста, накратко само ќе Ве потсетам на некои факти со Ваши документи:

Како поранешен наследник на еден од сопствениците на земјиштето, а подоцна и како главен и единствен полномошник за спроведување на купопродажбата, Ве потсетувам пријателу мој дека додека земјиштето сеуште беше Ваша споственост, заедно со “Нашиот” заеднички пријател Ѓорги Врешков водени од идеата за изградба на бензинска станица регистриравте фирма со назив В.П. ОИЛ доо Струмица (Врешков-Поцков ОИЛ) со претежна дејност -Трговија со нафта и нафтени деривати.

105806

За таа цел, а на Ваше барање од страна на фирмата ДПГИ “ВЕКТОР 90” Томе ДООЕЛ Струмица изготвен е Архитектонско урбанистички проект заведен под технички број 3621/2-2412/2003 кај изведувачот кој покрај споменатиот проект Ви изготвил и ЦД со слики за сите ваши предвидени идеи и придружни содржини, хотел, кафе бар, ресторан и слично, веројатно се сеќавате или ако сакате ќе Ве потсетам. ПРИЛОГ: слики од Вашите планови.

Г-дине Поцков на ден 12.02.2004 година имате поднесено барање до Министерството за транспорт и врски, за сообраќајна согласност за трајна измена на режимот за сообраќај која е потребна за добивање на услови за градба.

Истиот ден 12.02.2004 година имате доставено Барање до Министерството за транспорт и врски, сектор за станбено-комунални работи и инфраструктура за произнесување во смисла на добивање согласност.

Министерството за транспорт и врски со Одговор заведен под број 18-1377/2 од 07.04.20047 година одговарајки на Вашето барање Ве упатува на административна надлежност на Општина Струмица.

105727

ПРИЛОГ: Одговор на барање

По добивањето на Ваквото барање заедно со архитектонско урбанистичкиот проект сте се обратиле до Министерството за транспорт и врски Подрачна едница Струмица со барање заведено под број 31-1504/2 од 11.08.2004 година за добивање Согласност, а која истиот орган ја издава и гласи: СОГЛАСНОСТ на архитектонско, партерно уредување и пристапите на Урбанистичкиот проект со тхе. бр. 363/2-241/2003 изработен од ДПГИ “ВЕКТОР 90” Томе дооел Струмица за изградба на бензинска пумпа со придружни содржини на КП бр. 6634 во КО Струмица, а со образложение како во самата Согасност дадена од тогашниот Главен градски архитект Ѓорги Димитриевски.

ПРИЛОГ: Согласност

На 07.10.2004 година Г-дине Поцков имате поднесно барање за добивање согласнот за сообраќајно решение до Министерството за внатрешни работи Оддел за полиција.
Од сето ова не е тешко да се заклучи дека намерата на ДПМНЕ е за добивање сопствени политички поени да се направи конструкција која ќе нанесе морална, политичка и човечка неправда.

Почитувани граѓани, Вие сте тие кои ќе судат кој и со каква цел дозволил да се монтираат лаги и невистини монтирани во владеачката гарнитура во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски