(ВИДЕО) Вице Заев: Со уцени и пари Демов беше натеран да лаже

Од:

Вице Заев, згрозен од прилозите на некои медиуми, со изјавата на Асан Демов, за како што вели, наводна негова вмешаност во киднапирање на неговиот татко, испрати отворено писмо, за да го заштити личниот углед и угледот на семејството.

„Во многу растроена состојба, страв и плачење, телефонски ми се јави Асан Демов, со барање да се видиме, да се извини и да ја каже вистината за тоа, кој го натерал да зборува невистини за мојот брат.

– Со сопругата и синот, без уцени, пари и обезбедување, дојдоа кај мене за да ме убедат дека сето тоа е смислено од други лица“, вели во отвореното писмо Вице Заев.

Некои други луѓе како што му кажал Демов на Заев, искористувајќи ја нивната тешка финансиска состојба им понудиле некакви добра за да излезат на телевизија и  да го кажат тоа што го натерале.

Вице Заев очекува надлежните да утврдат кои се тие други лица.

„Јавно ги повикувам одговорните служби во МВР Струмица да постапат по правилникот за работа и во најкус можен рок да го расветлат слуајот. Секое разводнување на постапката ќе значи прикривање на вистината. Создавањето на тензична атмосфера е најмалку потребно и ќе значи бегство од вистинскиот одговор за случајот, во кој сум смислено вмешан заедно со името на мојот брат.

– Организаторите на овој гнасен чин се луѓе без морал и личен кредибилитет, кои освен такви недолични луѓе, друго и не знаат. Нека им е на чест“, вели Вице Заев во писмото.

Еве ги видеата за потсетување, што изјави Демов, извинувајќи му се на Заев за претходно изјавеното под присила и уцена дека наводно Заев го удрич со вратата.

Од видеата и изјавите на струмичките Роми дека се уценувани од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и на Зоран Заев, кој сето ова го оцени како уште едно валкано сценарио организирано од режимот против него.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица