Вежба на баталјонот за противвоздушна одбрана на АРМ „Предизвик 2017“

Од:

Со воена церемонија денеска во центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“, почна билатерална воена активност со вооружените сили (ВС) на Република Словенија под име „Предизвик 2017“, која ќе се реализира во следните неколку денови на Армискиот полигон (АП) „Криволак“.

Како што соопшти АРМ на оваа вежба, припадници на баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада на АРМ, заедно со припадници на единицата за ПВО од составот на вооружените сили на Република Словенија, ќе изведат повеќе активности со тренажни гаѓања и техничко боево гаѓање на цели во воздушниот простор, со лесен преносен ракетен систем ,,Игла-С“.

Вежбовната активност „Предизвик 2017“ е седма по ред од овој проект и претставува уште еден импулс кон понатамошното јакнење на билатералната воена соработка на АРМ со ВС на Република Словенија.

На отворањето на вежбата, соопштија од АРМ, обраќања пред учесниците имаа заменик на командантот на воздухопловната бригада полковник Заим Шкријељ, командантот на контингентот на ВС на Република Словенија полковник Винченц Арко и командантот на бПВО потполковник Трајче Денчевски.

Би можело да ве интересира

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба