Вевчани ќе биде полно за Нова година

Од:

Вевчани се подготвува за пречек на Новата година. Угостителските објекти се целосно исполнети, информира градоначалникот Цветомир Угриноски.

Најбројни се домашните гости, од кои најприсутни ќе бидат од Скопје, но ќе има и од другите градови.

– Вевчани ќе биде подготвено за новогодишните празници. Интересот е голем, дел од рестораните се резервирани, а исполнети се и сместувачките капацитети. Најбројни се гостите од Македонија, пред се од Скопје, истакна Угриноски.

Покрај во природните убавини со кои изобилува Вевчани, гостите, како што нагласи градоначалникот, ќе може да уживаат и во традиционалната вевчанска храна.

– Цените се солидни и реални. Се нудат производи од нашето поднебје, домашно вевчанско вино и ракија, познатите вевчански луканци… Гостите ќе имаат богат избор и богато мени и ќе може да уживаат во убавата вевчанска природа, изјави Угриноски.

Сепак, кулимнацијата на празнувањата во Вевчани се очекува за верскиот празник Василица или Стара нова година кога се одржува познатиот Вевчански карневал, а населбата ќе биде полна со гости од земјава и од странство.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска