Вевчанци од септември со регистарски таблички VV

Од:

Од први септември жителите на Општина Вевчани ќе добијат можност да извадат регистарски таблички со ознаката VV.

Новото регистрациско подрачје Вевчани – со ознака VV, што го опфаќа регионот на вевчанската општина, се воведува со изготвените измени на Правилникот на регистрациските подрачја, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Со измените на Правилникот, што стапија во сила на 1 март годинава, беа воведени шест нови регистрациски подрачја за возилата (БЕРОВО -BE, ДЕЛЧЕВО-DE, ВИНИЦА-VI, НЕГОТИНО-NE, РЕСЕН-RE и СВЕТИ НИКОЛЕ-SN) со што вкупниот број од постоечките 17 во 2009 година се зголеми на 23.

Во Правилникот за регистрациските подрачја за возилата и нивните ознаки пред ТИЕ измени беа додадени и регистрациските подрачја: Гевгелија,-GE Кавадарци-KA, Кичево-KI, Кочани-KO, Крива Паланка-KP, Радовиш-RA и Струга-SU. Постоечки регистарски ознаки пред воведувањето на измените во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки беа: Битола-BT, Велес-VE, Гостивар-GV, Куманово-KU, Охрид-OH, Прилеп-PP, Скопје-SK, Струмица-SR, Тетово-TE и Штип-ŠT.

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски