А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вестервеле: Гарманија ја поддржува Македонија

by А1он22/02/2013 - 16:39152
Share0

Германија и дава целосна поддршка на Македонија во евоатлатантските интеграции за што потребно е да исполни услови кои важат подеднакво за сите. Нема попусти, но ни нови задачи за Македонија. Германија ќе го одржи својот збор, но апелира и на разумност на сите политички фактори во државата кои треба го согледаат националниот интерес и да покажат подготвеност за компромис и флексибилност за надминување на актуелна ситуација.

Добивај вести на вибер

Ова го порача шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле по денешната средба во Скопје со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

– Јас навистина апелирам до сите да ја видат целта и да го согледаат националниот интерес, да ја осознаат својата сопствена одговорност, да мислат на судбината и на иднината на земјата и да покажат доволна мерка на подготвеност за компромиси, доволна флексибилност за да се вратат кон демократската соработка, истакна Вестервеле.

Според него, европскиот проект се базира на заеднички вредности, а тоа се демократија, владеење на правото, назависно судство, надминување на конфликти во духот на добрососедство и пред се мирниот соживот меѓу различните етнички групи.

– Тоа се европските вредности за кои ние се залагаме, посочи Вестервеле.

Прашан дали Македонија ќе добие датум за прегвоори во јуни, тој рече дека не сака да прејудицира и оти ќе го почека извештајот на ЕК за земјата.

euvestervele

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто