Вест: Да живее самоцензурата!

Од:

По договорот на ЗНМ со Владата за декриминализацијата на клеветата, реакција од новинарската фела на социјалните мрежи.

Дел од новинарите остро реагираат на договорот, прашуваат кој му дал мандат на претседателот на ЗНМ и раководството да одлучува за вакво прашање во нивно име.Новинарите излегоа и со барање за „интерпелација“ на претседателот на ЗНМ и итно свикување на вонреден конгрес.

Со редакциски коментар излезе и „Вест „, чија насловна страна во знак на револт од договорот е бела.

„Со овој предлог не само што не е одземен инструментот за притисок врз медиумите, преку тужбите за клевета и навреда, туку напротив, тој притисок уште повеќе е засилен.

Наместо со укинување на клеветата и навредата како кривично дело да се создадат услови за поголема слобода на информирањето која е гарантирана со Уставот, ЗНМ влезе во пазарење со Владата за висината на казните“, стои во коменатор на „ Вест“.

Овој предлог го компромитира целиот процес на преговори меѓу ЗНМ и Владата и ќе донесе потешки последици и поголем ефект на заплашување.

„Во држава во која просечната плата е 300 евра; во која сите бизниси, вклучително и медиумскиот, зависат од милоста на владејачката коалиција без разлика која во моментот е на власт; во држава во која нема ниту една странска инвестиција во медиумите; во држава во која не владее правото и не функционира судскиот систем; во држава во која никој не го почитува законот за слободен пристап до информациите, ниту, пак, е казнет за тоа, ваквата декриминализација на клеветата ќе доведе до владеење на самоцензурата.

Без слободни медиуми, нема демократија. Со замолчени медиуми, замира целиот јавен живот. Замира одговорноста и на политичарите, и на новинарите, и на сите други субјекти во јавноста. А најмногу ќе настрада јавниот интерес“, стои во уредничкиот коментар на „Вест“.

 

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада