Вест: Ахмети чека од државата да му врати еден милион евра

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети чека да му биде вратена кауцијата од еден милион евра, пишува Вест.

Според весникот, Ахмети кауцијата ја дал за обвинетите во случајот „Мавровски работници“, како гаранција дека обвиниетите во хашките случаи ќе му бидат достапни на судот.

Лидерот на ДУИ за слободата на обвинетите во случајот „Мавровски работници“ ја оставил куќата во скопски Чаир, која сега е штаб на ДУИ, а била проценета на околу еден милион евра.

Собрнаието за хашките случаи изгласа амнестија уште пред повеќе од една година, обвинетите не добиле решенија дека се ослободуваат од кривично гонење и затоа кауциите сè уште не се вратени.

Информацијата за весникот ја потврдиле и од кабинетот на Ахмети.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата