Весникот на Македонците во Албанија „Илинден“ пред згаснување

Од:

Поради финансиски проблеми во прашање е доведено натамошното постоење на весникот „Илинден“ единствениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија.

– По четири години постоење, поради финансиски проблеми, во прашање се доведува натамошното печатење на весникот, кој е единствен печатен медиум што информира за Македонците во Албанија, за нивниот живот и проблеми со кои се соочуваат, нивната култура, обичаи и традиција, вели Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

Првпат весникот „Илинден“ на истоименото македонско друштво со седиште во Тирана, беше испечатен во 2010 година, како двоброј  за март и април. Неговата мисија, според Ѓурѓај, е да го одржува и поттикнува македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз и во целост ја остварувавме.

– Во изминатите четири години предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и прерасна во медиум кој е интересен и корисен за македонското малцинство во Република Албанија. Верувавме дека ваквата активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот, но ете сме доведени до свршен чин, додава Ѓурѓај.

Поаѓајќи од досегашното искуство, нагласува Ѓурѓај, кога земјата во која живеат и се лојални граѓани  и ги плаќаат даноците не издвоила ни пара за весникот, веруваат дека тоа ќе го стори нивната матична земја, Македонија, но и Македонците каде и да живеат и оти „Илинден“ и понатаму ќе се печати и ќе ги радува Македонците со многу вести, репортажи, интервјуа…

Би можело да ве интересира

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Судија убиен во апелацискиот суд во Тирана

А1он

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

(ВИДЕО)Трамп: Ги помирив „Абербајџан“ и Албанија

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија