Вештак на „Ласкарци“: Автобусот бил технички неисправен

Од:

Во Кривичниот суд Скопје на денешното рочиште за случајот „Ласкарци“ дадоа исказ сведокот, кој бил прв очевидец на настанот, и вештак од ФЕИТ.

Сведокот посочи дека помалку од една минута возел позади автобусот на „Дурмо турс“ со кој се случи смртоносната несреќа, со намера да го претекне. Тој видел како автобусот излетува од патот.

Тој објасни дека тоа изгледало како тој да врти на лево, како нормално да се исклучува од автопатот, без да се обидува да закочи. Не слушнал никаков звук и не забележал стоп-светла.

Сведокот рече дека видел како автобусот удира во оградата и продолжува да се движи, додавајќи оти помислил дека возачот добил срцев удар, бидејќи едноставно само завртел в лево.

Вештакот Милан Ќосевски, професор на ФЕИТ, рече дека по наредба на ОЈО, тој и неговите колеги изготвиле вешт наод за сообраќајната несреќа.

Тој наведе дека извршиле увид на патот, банкините, локацијата каде што бил автобусот, како и на самата механизација на возилото.

Ќосевски наведе дека на автопатот немало траги од кочење на автобусот.

Тој рече дека возилото прво удрило во првата банкина и наишло на отпор на оградата што се растегнала и возилото продолжило да се движи. Автобусот со голема брзина удрил во втората банкина и поминал лреку неа. Кога поминал на спротивната страна на автопатот, ја пробил и третата банкина и излетал од патот. Потоа возилото излетало од автопатот и се превртело.

Ќосевски, објаснувајќи ја механизацијата на автобусот, истакна дека не станува збор за старо возило, според наши стадарди и наведе дека имал безбедносни системи за сопирање, но уште веднаш забележале дека контактната табла не е во добра состојба.

Тој истакна дека возилото било технички неисправно и дека главните неправилности се во неефикасноста на системот за кочење.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Би можело да ве интересира

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески

Во Кривичен објава на пресудата за „Ласкарци“