Професорот на Тетовскиот универзитет и советник во Општина Гостивар, Весел Мемеди, е новиот претседател на Националната демократска преродба, пренесе Мета.
На партиското централно собрание, беше избран и Амди Саити за потпретседател и Зенун Исмаили за генерален секретар.
Оваа промена се случи поради тоа што по последните парламентарни избори, раководството на оваа албанска опозициска партија, предводена од Руфи Османи, си поднесе неотповиклива оставка.