ВИДЕО: Верушевски дојде да сведочи за прислушувањето

Од:

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски утрово се појави во кривичниот суд во Скопје да сведочи во предметот на СЈО за масовното прислушување „Таргет Тврдина“. Претходното рочиште беше одложено бидејќи немаше уредна достава дека ја примил судската покана.

Во судот насмеан со обезбедувачите влезе и ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, како и останатите обвинети во случајот, заедно со нивните адвокати.

Во „Таргет – Тврдина“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тогашниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработените во УБК, Никола Бошкоски, Маријан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Надица Николиќ. Грујевски и Бошокоски избегаа во Грција и нив им се суди во отсуство.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Предметот е во доказна постапка.

Би можело да ве интересира

Ефикасноста и брзината на одвивање на кривичните постапки се главен проблем, покажува Третиот извештај за СЈО

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на уредбите за додатоци и надоместоци во јавниот сектор, за платите на избраните и именуваните лица и за СЈО

А1он

Прекршочни пријави за обвинителите на СЈО – не ги пријавувале надоместоците

Мери Јордановска

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство

А1он

Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“, денешното рочиште затворено за јавност

Ана Ололовска

Катица Јанева пред да биде уапсена одела во СЈО, салони за убавина и по вечери

Кристијан Ландов