Велосистите од „Тура околу Македонија“ во Општина Илинден

Од:

Учесниците на велосипедската “Тура околу Македонија” за промоција на велосипедизмот низ државата, денеска пристигнаа во Општина Илинден како последна етапа од трката.

Покрај бројната публика која дојде да ги поздрави велосипедистите беа пречекани и од градоначалникот Жика Стојановски. Претседателот на Велосипедската федерација на Македонија Сашо Димитриески на средбата со Стојановски се заблагодари за досегашната поддршка и соработка со Општина Илинден.

Повеќедневната велосипедска трка „Тура околу Македонија“ се организира по повод Одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија и се одвива под мотото „Сите заедно за спортот“.

Општина Илинден дава поддршка и за организација на професионалната велосипедска трка „Трофеј Илинден 2013“, која е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за Купот на земјата.

Би можело да ве интересира

Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски