Велосипедско дефиле во Струмица по повод Светскиот ден без автомобили

Од:

Група велисипедисти денеска се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делечев“ во Струмица на дефиле по повод Светскиот ден без автомобили.

Целта е да се зголеми јавната свест за користењето велосипед и пешачењето.

– Сакаме да ги потсетиме граѓаните и да им ја зајакнеме свеста дека користењето велосипед и пешачењето треба да бидат секојдневие. Не треба само еднаш годишно да ја будиме свеста за зачувување на животната средина и сопственото здравје, туку овие навики да се применуваат секојдневно, рече вршителот на должност градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кој и самиот се вклучи во велосипедскиот хепенинг.

Велосипедистите од Струмица велат дека полека се менуваат навиките кај сограѓаните во однос на ова превозно средство, а тие преку повеќе активности водат кампања за промоција.

– Ние формиравме и координативно тело за да ги детектираме недостатоците и проблемите со кои се соочуваме како велосипедисти. Во насока на промоција организираме повеќе велосипедски тури. Може да забележам дека последниве години се зголемува бројот на луѓе кои го користат велосипедот, а со тоа и ризикот да учествуваат во сообраќајни незгоди. Затоа треба што поскоро да се изградат нови велосипедски патеки, вели Иван Андонов од велосипедскиот клуб „Актив“, Струмица.

Настанот е во организација на Општина Струмица, Еколошкото друштво „Планетум“ и велосипедскиот клуб „Актив“, а со него заврши и неделата на мобилност која годинава се одвиваше под мотото „Споделувањето те движи напред“.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски