Велосипедска тура во Чаир

Од:

По повод Европската недела на мобилноста која секоја година се одржува во периодот од 16 до 22 септември, општина Чаир организира велосипедска тура која ќе започне од паркот во оваа општина.

Оттаму трката ќе се одвива по должина на улиците „Џон Кенеди“ „Благоја Паровиќ“, и ќе заврши кај спортскиот терен во населба Топанско Поле.

Присутни на најавениот настан, како што информираат од општина Чаир, ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

Најавениот настан има за цел подигнување на јавната свест за намалување на емисиите на штетни гасови и подигнување на нивото на чистиот воздух преку намалување на употребата на автомобилите, како и едуцирање на децата во тој правец.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан