Возач усмртил велосипедист на патот Кичево-Гостивар и избегал

Од:

Непознат возач вчера околу пладне удрил и смртно повредил велосипедист на патот Кичево-Гостивар, по што избегал од местото на несреќата, информира полицијата.

„На 11.07.2021 во 13.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на каменоломите, патничко возило кое го напуштило местото на незгодата удрило во велосипед управуван од О.А.(66) од с.Врапчиште, гостиварско. На местото на незгодата починал велосипедистот,“ се вели во полицискиот билтен.

Смртта на жртвата во незгодата ја констатирал лекар, а Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на незгодата, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР