Градоначалникот Велковски: Ѝ порано ја прашувавме Атиџе дали ѝ треба нешто, а таа велеше: „Не, не, само Господ да ме чува“

Од:

Атиџе Муратова ќе биде промотор на туризмот во својот роден крај, селото Бекирлија. Таа на туристите ќе им ја раскажува својата животна приказна, за производството на мед, животот со пчелите, за мајка си, како и за убавините со кои е опкружена. Со ова на Атиџе ќе ѝ се оствари најголемата желба – да биде опкружена со луѓе и да им го пренесе своето искуство за природата.

Работниот ангажман што го доби од Општина Лозово доаѓа по големите успеси на Атиџе со филмот „Медена земја“ во земјата и светот. За деталите за новата работа, Атиџе рекла дека ќе разговара откако ќе ги земе „Оскарите“, вели градоначалникот Ацо Велковски во разговор за „А1он“. Тој смета на овој начин ќе ѝ се помогне на Атиџе да заработува за пристоен живот работејќи го она што ѝ е желба.

„Атиџе има доаѓано во Општината, имаме разговарано. Ја имаме прашувано дали ѝ треба нешто, а таа велеше: ‘Не, не, само Господ да ме чува’. Никогаш нема побарано помош. Сега ние самоволно решивме да ѝ се помогне, ѝ предложивме, а таа прифати“, вели Велковски.

Општината Лозово, под чија надлежност е селото Бекирлија, ќе постави и сончеви панели во куќата на Атиџе. Со ова, првпат по повеќе од 60 години, ќе има струја во куќата каде што го поминала животот.

Градоначалникот Велковски запрашан зошто досега не поставиле панели, се правдаше дека никој не го побарал тоа од нив. До ваква идеја дошле бидејќи Атиџе била децидна дека и понатаму ќе оди во својот роден крај и покрај новата куќа во соседното село затоа што во Бекирлија ѝ се пчелите, кои никогаш нема да ги напушти.

„Ќе гледаме да го средиме и патот до Бекирлија. Не може да се тампонира, ама ќе се средува“, додава Велковски.

Би можело да ве интересира

Екипата на „Медена земја“: Протагонистите не беа заборавени, им беше дадена несебична помош

Ана Ололовска

Атиџе бара мир, а не пари: И куќава нека ја продадат, сите мене ме напаѓаат, никој не ги решава проблемите

Кристијан Ландов

„Медена Земја“ предизвикува големо внимание кај француската филмска публика и критика

Ана Ололовска

„Медена земја“ од денеска во француските киносали

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Атиџе од Медена земја ја сними својата прва студиска песна

Искра Манојлоска

„Медена земја” го отвори Фестивалот на документарен филм во Словенија

Ана Ололовска