Град Скопје ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со 600 илјади денари

Од:

Градот Скопје ќе додели парична награда во вредност од 600.000 денари за авторската и актерската екипа на документарниот филм „Медена земја“. Ваква одлука се очекува да донесе Советот на Град Скопје, на денешната седница.

Оваа награда се доделува за придонесот на ова филмско ремек-дело за афирмација на нашата земја и култура во светот, како и за промоција на вистинските човечки вредности и односот кон животната средина од која зависиме и која треба да ја чуваме. Градот Скопје со овој чекор ја потврдува својата заложба за поддршка и афирмација на културата, со надеж дека ваквиот позитивен однос ќе ги поттикне културните работници да творат и да создаваат незаборавни дела.

Филмот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов освои многубројни награди на престижни филмски фестивали низ светот, а беше номиниран и за Оскар, во категориите Најдобар документарец и Најдобар странски филм. Приказната за Атиџе, одгледувачката на диви пчели, ги освои срцата на гледачите, но и на филмските работници, и испрати силна порака за важноста на здравата и чиста животна средина и за зачувување на рамнотежата во природата.

Би можело да ве интересира

Спасовски им врачи плакета на авторите на „Медена земја“: Благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите

Ана Ололовска

Спасовски: Пари за „Медена земја“ има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љума: Хоакин Феникс, Тод Филипс и кинематограферот на Скорсезе ни даваа најголема поддршка

Ана Василевска

(ВИДЕО) Георгиев: Две номинации за „Медена земја“ се повеќе од еден „Оскар“

Ана Василевска

(ВИДЕО) Атиџе: Не сакам да глумам, сакам да пеам

Ана Василевска

Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со три милиони денари

Ана Ололовска