Велјановски: Дали градинката „Мајски цвет“ каде падна кровот е реконструирана од фирма миленик на ДУИ

Од:

„Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе. За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст“, рече Роберт Велјановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.

„Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба.

Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат – плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна!

Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката.

За несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.

СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси. За нив, јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни.

Оттука, поставуваме неколку прашања:

1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?

2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?

3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!

4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!“, изјави Роберт Велјановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања