А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Вељаноски: Собранието не направило преседан, изборите треба да се одложат

by Кристијан Ландов17/03/2020 - 13:0017/03/2020 - 13:50401
Share0

Експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски тврди дека распуштањето на Собранието во 2016 година не било противуставно, ниту пак, бил направен преседан. Според него, преседанот е направен од Уставниот суд кој ја поништил одлуката за распуштање на Собранието, а за мотивот, вели дека ќе искоментира во наредна прилика. Вељаноски смета дека треба да се одложат изборите и да се презакажат за период кога ќе биде извесно дека нема да влијаат на загрозување на здравјето на граѓаните.

Добивај вести на вибер

„Решив да го напишам ова бидејќи деновиве слушам дека веќе имало правен преседан кога Собранието било распуштено па се вратило во заседание, но вистината е сосема поинаква. Прво, на 87-та седница одржана на 18 јануари 2016 година се донесе одлука за распуштање на Собранието која одлука имаше одложено дејство односно со примена од 24 февруари 2016 година. Второ, бидејќи тогашната опозиција не се согласуваше да има избори (иако беа во Пржино договорени) и имаше најава од опозицијата дека нема да учествува на избори, поради тоа пред да стапи примената на одлуката за распуштање на Собранието на 95-та седница одржана на 23 февруари 2016 година
Собранието донесе одлука за измена на одлуката за распуштање, со тоа што примената наместо на 24 февруари да биде на 7 април 2016 година. Трето, Собранието согласно изменетата одлука на 7 април 2016 година се распушти и се донесе решение за одржување на избори на 5 јуни 2016 година. Четврто, откако се распушти Собранието и се донесе решение за избори, Уставниот суд со одлука У.бр.104/2016 во мај 2016 година ја поништи одлуката за распуштање на Собранието и врз основа на таа одлука на Уставниот суд, Собранието продолжи да работи се до 17 октомври 2016 година“, вели Вељаноски.

Во ноември минатата година, претседателот на Собранието Талат Џафери отфрлаше можност за повторно свикување на Парламентот, откако тој ќе се распушти согласно роковите за предвремените избори кои се закажани за 12 април.

izbori 2020sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен