Вељаноски-Симпкинс: Парламентарната соработка со Австралија во континуитет има нагорна линија

Од:

Македонската заедница, проширување на економската соработка и инвестиции во рударството се теми на кои денеска претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски разговараше на средбата со австралискиот федерален пратеник Лук Симпкинс.

Македонската заедница која живее во Австралија, според Симпкинс, има придонес во општествениот и социјалниот живот. Неговиот електорат, како што истакна, го сочинуваат повеќе од 1.000 македонски гласачи. Двајцата соговорници разменија мислење околу идните избори во Република Македонија, како и за изборите во Австралија.

Во соопштението се наведува дека на средбата станало збор и за можностите за проширување на економската соработка меѓу Македонија и Австралија, особено во областа на рударството и ископувањето минералните суровини во Република Македонија, бидејќи постои голема заинтересираност од компании од Западна Австралија кои би инвестирале во таа област.

Според Вељаноски, средбите ќе ги подобрат билатералните односи, како и парламентарната соработка со пријателска Австралија, кои во континуитет имаат нагорна линија.

Пратеникот Сипмпкинс потенцира дека е воодушевен од напредокот и модернизацијата на главниот град, и оти тоа е добар показател за економската стабилност. Тој се интересираше и за евроатлантските аспирации на Република Македонија и изрази надеж дека разговорите со медијаторот Нимиц ќе вродат со плод.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов