Вељаноски: Се надевам на признавање од Индија под уставнто име

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски во рамките на тридневната официјална посета на Индија денеска се сретна со потпретседателот на Индија, Мохамад Хамид Ансари, кој воедно е и претседател на Горниот дом на индискиот Парламент (Раџа Саба).

Како што соопшти кабинетот на претседателот на Собранието, на средбата на којашто учествуваа и 12 сенатори на Горниот дом на Индискиот парламент, претседателот Вељаноски искажа особено задоволство што ја предводи првата официјална делегација на највисоко државно ниво во Индија.
Тој потенцираше дека односите меѓу Република Македонија и Индија се развиваат во нагорна линија во дух на пријателство, разбирање и заемно почитување.

Во насока на унапредување на пријателските односи Вељаноски нагласи дека Република Македонија дава целосна поддршка за членството на Индија во меѓународните институции и осоебно поддршка на кандидатурата на Њу Делхи за членка на Советот за безбедност на ОН.
Во однос на економската соработка, двајцата говорници искажаа желба за нејзино унапредување и интензивирање.

– Претседателот го поздрави принципиелниот став на Индија во однос на користењето на уставното име во билатералната комуникација со надеж дека наскоро ќе дојде и до официјално признавање на Република Македонија под уставното име, стои во соопштението.

Во однос на парламентарната соработка, Вељаноски истакна дека е потребно нејзино интензивирање преку взаемни посети на парламентарни делегации.
Задоволство од денешната средба искажа и индискиот потпретседател Ансари, истакнувајќи го големото значење од оваа прва посета на највисоко државно ниво.

Од страна на сенаторите, како што се наведува, беше искажан интерес во однос на развојот на економската соработка и инвестициите, културната соработка, учеството на жените во Парламентот и на локално ниво и од други сфери од заемен интерес.

Беше апострофирано и значењето на големото мисионерско дело на Мајка Тереза, како сврзивно ткиво кое ги поврзува двете пријателски држави.

Во дебатата, која со сенаторите, претставници на различни делови на Индија, се отвори по наведените теми активно учествуваа пратеничките Силвана Бонева и Ермира Мехмети, кои се дел од делегацијата предводена од претседателот Вељаноски.

Попладнето делегацијата се сретна и со државаниот министер за надворешни работи, Принит Кор, која изрази особено задоволство што во Индија доаѓа делегација на највисоко државно ниво по нејзината неодамнешна посета на Република Македонија. На средбата станало збор за меѓусебната сорабока и поддршка на меѓународно ниво, особено во ОН.

– Државната министерка Принит изрази посебен интерес за меѓусебната економска соработка и за инвестициите кои можат да се очекуваат во наредниот период, за застапеноста на жените во политиката, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Османи уште се мисли за Лавров: Ако речеме „да“, не гледам зошто Бугарија и Грција да не дозволат прелет

Александар Тодески

Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Александар Тодески

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се во и околу загрозените подрачја во Израел, велат од МНР

А1он

Мнозинството од понеделник со нов обид да го помине Законот за игри на среќа со европско знаменце

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Над 400 лица лани биле под посебни истражни мерки: Дел од операциите продолжиле и годинава