А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вељаноски: Првиот случај на конституирано Собрание без избор на спикер беше во 2006 година

by А1он06/08/2020 - 12:351159
Share0

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски реагира на вчерашната изјава од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски околу конституирањето на Парламентот и посочува дека прв случај кога иако не бил избран претседател на Собранието и била прекината седницата, претседавачот да го известл претседателот на државата дека законодавниот дом е констутиран не бил во 2016, туку при петиот собраниски состав во 2006 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Сакам да ја известам јавноста, но и претседателот г-н Стево Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран претседател на Собранието на РМ и била прекината седницата, претседавачот да го извести претседателот на државата дека е констутирано Собранието. Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на 5-ти парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година. Тогашниот претседавач со конститутивната седница г-н Стојан Андов ја прекина конститутувната седница по третата точка без да се изврши избор на претседател на Собранието на РМ, бидејќи немаше предлог за претседател на Собранието на РМ и ја одложи седницата, но истовремено на ден 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како претседавач, а не како претседател на Собранието на РМ го известува претседателот на РМ дека е конститутирано Собранието иако не беше избран претседател на Собранието на РМ и врз основа на тој допис од претседавачот г-н Стојан Андов тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатор, се наведува во реакцијата на Вељановски во која тој упатува и на консултирање на архивата на шефот на државата и на архивата на Собранието.

Од кабинетот на Пендаровски вчера соопштија дека согласно уставните одредби во член 90 став 1 и рокот за доделување на мандатот е 10 дена од конституирањето на Собранието и оти со денот на верификацијата на мандатите на пратениците се смета дека Собранието е конституирано. При тоа се укажува дека при конституирањето на Собранието во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите, иако не е избран претседател.

– Кабинетот на претседателот го очекува дописот од претседавачот Талат Џафери со кој ќе го информира дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на ден 4 август 2020 година. Без разлика на дописот, согласно уставните норми, роковите за доделување на мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието течат од 5 август 2020 година, посочуваат од кабинетот на Пендаровски.

Следете a1on на Youtube YouTube
konstitutivna sednicasobranieveljanoski

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео